Светска банка ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра

Bez autora
Oct 14 2012

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка се задоволни како Македонија се справува со европската криза и се подготвени и финансиски да ги поддржат економските политики со 250 милиони евра. Челниците на овие две меѓународни финансиски институции на Годишните средби на ММФ и Светска банка им го пренесоа на вицепремиерот Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка Димитар Богов кои изразија задоволство од општата оценка дека Македонија добро се справува со последиците од европската криза, како и дека тоа го прави на подобар начин отколку земјите во регионот. Светска банка ќе ги обезбеди 250 милиони евра заклучно на почетокот на следната година и средствата ќе бидат искористени за два клучни проекти. Точно 50 милиони долари што треба да ги добиеме до крајот на годинава ќе бидат директна буџетска поддршка наредната година.

Светска банка ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евраМеѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка се задоволни како Македонија се справува со европската криза и се подготвени и финансиски да ги поддржат економските политики со 250 милиони евра.

Челниците на овие две меѓународни финансиски институции на Годишните средби на ММФ и Светска банка им го пренесоа на вицепремиерот Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка Димитар Богов кои изразија задоволство од општата оценка дека Македонија добро се справува со последиците од европската криза, како и дека тоа го прави на подобар начин отколку земјите во регионот.

- Особено од нивна страна беше потенциран фактот дека одржуваме ниско ниво на буџетски дефицит и државен долг кои се едни од најгорливите проблеми во Европа. Позитивно беше оценето и решавањето на прашањето на долгот кон фирмите - изјави Ставрески.

Светска банка ќе ги обезбеди 250 милиони евра заклучно на почетокот на следната година и средствата ќе бидат искористени за два клучни проекти. Точно 50 милиони долари што треба да ги добиеме до крајот на годинава ќе бидат директна буџетска поддршка наредната година.

- Сметам дека со редовните приходи на буџетот и овие дополнителни средства кои како свеж капитал ќе ги внесеме однадвор сосема добро ќе се справиме со сите предизвици што ги носи актуелното време - рече Ставрески.

Исто така, 200 милиони евра од Светска банка се наменети како гаранција за средства што Македонија треба да ги добие од деловните банки на пазарот на капитал, а што ги очекуваме на почетокот на следната година. Ставрески очекува Светска банка да и даде пари на Македонија и за други инвестициски проекти во делот на енергетиката, како Луково поле.

- Настојуваме во секој буџет да обезбедиме доволно голем износ за капитални инвестиции и следната година буџетот кој сега го подготвуваме ќе содржи повисоко ниво на капитални инвестиции, односно она максимално што можеме како земја да го дозволиме. Во тој дел ќе предвидиме средства за крупни проекти од инфраструктурата, како што е Коридорот 10, пругата на Коридорот 8 кон Бугарија - првиот дел од Куманово до Бељаковце, ќе има средства за гасификација и ќе има средства за продолжување на некои проекти како се регионални патишта и слично. Сето тоа ќе помогне за ангажман на градежната оператива во Македонија, но и за другите индустриски гранки кои се вклучени во тој процес на изградба - рече Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik